Connect with us

МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Мартин Алаѓозовски (Брера)

Брера беше во криза на стартот од сезоната, но полека се стабилизира и младиот тим почна да прикажува игри какви што се очекуваат според потенцијалот. Дојдоа и победи, и тоа не само на домашен терен, туку и гостински, кои се далеку поважни.

Брера изминатиов викенд славеше голем триумф (3-4) во голеадата против Работнички. Голема улога во стабилизацијата на тимот и позитивната реакција има и младиот стратег Мартин Алаѓозовски, кој застана на кормилото по заминувањето на Панче Стојанов.

МАКФУДБАЛ го избра Мартин Алаѓозовски за најдобар тренер во 8.коло од Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови