 
																												
														
														
													Вардар и официјално е второлигаш, Шкендија и „пресуди“ на Македонија ЃП на сметка на Струга Трим Лум во битката за Европа, а Борец во директна пресметка обезбеди опстанок на дуелот со Ренова.
Работнички покажа квалитет на мечот со Силекс, а Пелистер одолеа на Шкупи.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 32.коло во Првата фудбалска лига.
- ФИЛИП ТРАЈЧЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
 Имаше одличен настап против Шкупи, одбрани неколку одлични удари упатени кон неговиот гол, а Пелистер успеа да освои бод.
- ИГОР ПАНОСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
 Постигна погодок уште на самиот старт и го отвори резултатот трасирајќи го патот до троумфот за „пандевци“.
- ХРИСТИЈАН ДРАГАРСКИ (ПЕЛИСТЕР)
 Одличен, цврст, бескомпромисен, секогаш навремен во блокот пред голот на Пелистер.
- ВАНЧЕ ШИКОВ (БОРЕЦ)
 Искуството и квалитетот што го донесе Ванче Шиков му обезбедија опстанок на велешкиот прволигаш.
- АРМЕНД АЛИМИ (ШКЕНДИЈА)
 Одличниот играч за врска на Шкендија имаше импресивен настап против Македонија ЃП и го постигна победничкиот гол во 90.минута.
- ДИМИТАР ТОДОРОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
 Младинскиот репрезентативец покажува дека е еден од најдобрите играчи во средниот ред во македонскиот шампионат, одличниот настап за Работнички го зачини и со гол.
- ЕДИ БАША (БОРЕЦ)
 Беше перманентна опасност за Ренова, а во финишот ја потврди значајната победа на Борец.
- ФАХРУДИН ЃУРЃЕВИЌ (РАБОТНИЧКИ)
 Асистираше, реализираше и беше еден од главните инспиратори за триумфот на Работнички против Силекс.
- АЛЕКСАНДАР МИШОВ (БОРЕЦ)
 Стрелец на водечкиот гол за Борец против Ренова, во директната пресметка за опстанок.
- МАРИО СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
 Од коло во коло покажува дека е голгетер со вродено чувство за погодок. Умее да се снајде во секоја ситуација и да ја надмудри одбраната. Го стори тоа и против Силекс.
- БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
 Двоен стрелец против Македонија ЃП, искусниот напаѓач знае да ја казни секоја грешка на противничката одбрана.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: БОРЧЕ ХРИСТОВ (БОРЕЦ)
Одличен тактичар, умее да го извлече најдоброто од фудбалерите што ги има на располагање и со триумфот над Ренова ја оствари зацртаната цел – Борец обезбеди опстанок во елитата. Дојде во турбулентен период и со напорна работа многу брзо ги склопи коцките од мозаикот.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														