
Тешко е да се издвојат најдобрите во македонскиот шампионат кога, во најмала рака, постојано по неколку натпревари од секоја рунда се од сомнителен карактер. Но, факт е дека и 30. коло донесе возбудливи натпревари кои може да се издвојат, како триумфот на Победа со пресврт против Работнички но и победата на Ренова против Силекс. Вардар славеше заслужено против Македонија ЃП.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 30. коло во Првата лига.
1. ДАНИЕЛ КОТЕВСКИ (ПОБЕДА)
Беше одличен на голот на прилепчани во клучните моменти кога мораше да се брани предноста за три бода. Сигурен во текот на целиот меч, значајно придонесувајќи за победата на тимот.
2. АНГЕЛЧЕ ТИМОВСКИ (ПОБЕДА)
Беспрекорен во дефанзивните но и офанзивните задачи, заокружувајќи го натпреварот и со погодок за победа.
3. ЕВГЕНИЈ НОВАК (ВАРДАР)
Вообичаено сигурен во одбраната на црвено-црните. Без грешка одигран натпревар во Ѓорче Петров.
4. НЕНАД МИШКОВСКИ (РЕНОВА)
Стабилен, цврст, сигурен во дефанзивата на „гипсарите“ кои по раното водство до крајот на мечот мораа да ја бранат победата.
5. ЏЕЛИЛ АБДУЛА (РЕНОВА)
Повторно квалитетно одиграна партија. Максимално корисен за својот тим и во средината на теренот каде најчесто се неутрализираа обидите за напад на гостите.
6. КРИСТИЈАН ТОШЕВСКИ (ВАРДАР)
Репрезентативецот сигурен во средниот ред на тимот. Беспрекорен и во дефанзивните задачи, но и како контролор на средината каде се „кршеше“ натпреварот.
7. БЕСАР ИСЕНИ (ШКУПИ)
Повторно еден од најзабележителните во тимот на Шкупи. Сето тоа заокружено и со погодок за победа против Академија Пандев.
8. БОЈАН МИОВСКИ (РЕНОВА)
Ја донесе победата за својот тим. Прецизен во клучниот момент во кој беше неопходно да се погоди, а потоа беше се полесно за тимот на Ренова.
9. СЕРЏО ЖУНИОР (ШКУПИ)
Веќе стандардно еден од најдобрите во составот на чаирчани. И овој пат максимално активен во нападот, постојана закана за противничкиот гол.
10. БОЈАН КОЛЕВСКИ (ВАРДАР)
Најдобриот во редовите на Вардар во триумфот против Македонија ЃП. Постигна два прекрасни погодоци, по соло акции, за триумф од 2-0 против „лавовите“.
11. ТРАЈЧЕ ЕФРЕМОВ (ПОБЕДА)
Во вистински момент луцидно, искористувајќи ја грешката на домашните, донесе израмнување за Победа отворајќи го патот за триумф против „романтичарите“.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: НИКОЛА ИЛИЕВСКИ – ЏИЏИ (РЕНОВА)
Ренова ја продолжува битката за четвртата позиција на табелата, која може да овозможи европски излез, благодарение на триумфот против Силекс. По кризниот период, стратегот Илиевски, иако поради суспензија не го води тимот од терен, успеа пред се психолошки да ги врати во игра фудбалерите кои стигнаа до значајни три бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мбапе нема да игра и против Салцбург

Прва лига
Младиот Адонис Милај го засили Шкупи

Евро-фудбал
Интер го договори голгетерот на Парма

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак
