 
																												
														
														
													Шкендија е на чекор до шампионска титула, Беласица го шокираше Шкупи, па Македонија ЃП може да го загрози и второто место на тимот од Чаир.
Пелистер со супер – пресврт го совлада Силекс, Вардар и Ренова поделија по бод во битката за опстанок, а истото го сторија и Струга ТЛ и Работнички во обидот за излез во Европа.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 27.коло во Првата фудбалска лига.
- АЛЕКСАНДАР ВУЛИЌ (БЕЛАСИЦА)
 Командуваше со одбраната на Беласица која успеа да ја сочува мрежата на тешкото гостување против Шкупи.
- БЕНЈАМИН ДЕМИР (БЕЛАСИЦА)
 Го постигна победничкиот гол за Беласица за изненадување на колото.
- ХРИСТИЈАН ДРАГАРСКИ (ПЕЛИСТЕР)
 Можеби одбраната на Пелистер не беше најконцентрирана на стартот, но затоа Драгарски погоди во нападот и го врати својот тим во игра за голем триумф.
- КЛИСМАН ЦАКЕ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
 Одличен во дефанзивата, многу често и со организаторски способности во тимот на Струга ТЛ
- АЛДАИР НЕТО (ПЕЛИСТЕР)
 Постигна прекрасен гол за триумф на Пелистер, одличен во средниот ред на битолскиот тим.
- ФИЛИП МИЛЕНКОВСКИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
 Стрелец на гол за Струга ТЛ во пресметката против Работнички.
- МАРТИН МИРЧЕВСКИ (ВАРДАР)
 Ја сочува надежта на Вардар за опстанок во елитата на дуелот со Ренова.
- БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
 Најдобриот стрелец погоди за триумф против Академија Пандев и ја доведе Шкендија на чекор до титула.
- МАРИО СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
 Го извлече Работнички од бездната во Струга и ги сочува надежите за излез во Европа.
- САМИР ФАЗЛИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
 Двоен стрелец за Македонија ЃП, донесе триумф кој го трасира патот на „лавовите“ дури и кон второто место на табелата.
- ПЕПИ ЃОРГИЕВ (СИЛЕКС)
 Двоен стрелец за Силекс, одличен реализатор, но, за жал, добрата игра не ја зачини и со победа.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: АНДРЕЈ ЧЕРНИШОВ
Прва победа за Чернишов на клупата на Беласица, и тоа огромно изненадување, против Шкупи во Скопје. Одлично ја постави играта на својот тим, цврсто во одбраната, со брзи противнапади го загрозуваше противничкиот гол.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														