Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 19.КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА!

Шкендија е силна, Шкупи исто така, потврдија дека и пролетва ќе ја продолжат трката за шампионската титула. Тимот на Ернест Ѓока успеа да се врати и по негатива во Кратово освојувајќи ги трите бода, Шкупи мирно чекаше да го зададе решавачкиот удар во Велес, а хит на стартот е Беласица. Струмичкиот тим најави дека под раководство на Ѓоре Јовановски нема да биде лесен плен за никого и дека ќе се бори до крајот за опстанок во елитата. 

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 19.коло во Првата фудбалска лига. 

1. РИСТЕ ЈАНКОВ (РАБОТНИЧКИ)

Работнички оствари прва пролетна победа уште минатата седмица, на снежни услови во Струмица. Во една таква ситуација, Ристе Јанков делуваше сигурно на голот и успеа да ја сочува мрежата на „романтичарите“.

2. БЕНЈАМИН ДЕМИР (БЕЛАСИЦА)

Покажа дека е големо засилување за Беласица. Енергичен, експлозивен, учествуваше во речиси секоја акција на тимот и даде голем придонес во триумфот на гости против Ренова. 

3. ФАТИ ИСМАИЛИ (ШКУПИ)

Корпулентен, смирен, одмерен и вистински организатор во одбраната на Шкупи. На гости во Велес ретко кој успеал да одолее и да не прими гол, Шкупи покажа дека е цврст, а Исмаили ја игра главната улога. 

4. ЕСМИН ЛИЧИНА (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Одличен во дефанзивата, успеа да помогне и во напаѓачки елемент и го постигна единствениот гол за Македонија ЃП на гостувањето против Струга Трим Лум.

5. АРМЕНД АЛИМИ (ШКЕНДИЈА)

Тој и понатаму е диригент во играта на Шкендија. Асистираше одлично од слободен удар за победничкиот погодок на Љупчо Дориев. 

6. СТЕФАН ЈЕВТОСКИ (РАБОТНИЧКИ)

Претрча километри и километри на снежниот терен во Струмица, речиси секоја топка во средниот ред беше негова, одличен организатор на играта, дава тон и смиреност при акцииите на „романтичарите“. 

7. КРИСТИЈАН СТОЈКОСКИ (РАБОТНИЧКИ)

Пробивен, брз, конкретен. Создаде неколку можности за соиграчите на снежниот терен во Струмица, а на крајот го постигна победничкиот гол против Академија Пандев. 

8. МАРТИН МИРЧЕВСКИ (ВАРДАР)

Тој е еден од предводниците на новиот Вардар. Талентираниот офанзивец полека прераснува во одличен прволигашки фудбалер кој има европски предиспозиции. Постигна гол на вечното дерби против Пелистер.

9. АНТОНИО КАЛАНОСКИ (БЕЛАСИЦА)

Ја предводеше Беласица до голем триумф (2-4) против Ренова постигнувајќи хет – трик. Го заслужи епитетот играч на колото. 

10. ЉУПЧО ДОРИЕВ (ШКЕНДИЈА)

Постигна прекрасен гол со удар со глава и донесе победа за Шкендија на тешкото гостување против Силекс во Кратово.

11. МАТЕЈ ЦВЕТАНОСКИ (ШКУПИ)

Дебито во дресот на Шкупи го одбележа со победнички гол. Остана мирен при акцијата на тимот од Чаир и се најде на вистинскот место за да донесе нови три бода. 

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЃОРЕ ЈОВАНОВСКИ (БЕЛАСИЦА)

Искусниот лисец знае како се победува кога е најтешко. Кога ја презеде Беласица, која има очаен бодовен фонд по слабата есенска полусезона, најави дека струмичкиот тим може да се избори за опстанок. Не остана само на зборови, туку ја победи Ренова во Тетово на почетокот на пролетта. 

   

          

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови