Натпреварите од 18. коло во второлигашката конкуренција минаа во знакот на дербито на Истокот во кое Тиквеш убедливо со 3-0 славеше против Борец. На Западот конечно до прва победа стигна Струга ТЛ, а Пелистер и натаму продолжува со непобедливоста отворено најавувајувајќи дека веќе сериозно може да атакува и на првата позиција на табелата.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 18. коло од двете второлигашки конкуренции…
1. ФЕРАТ РАМАНИ (ГОСТИВАР)
Гостивар победнички мина преку Лабуништа на гостински терен. Гостиварци триумфираа минимално со 0-1, а Рамани имаше квалитетна партија на голот не дозволувајќи погодок во својата мрежа.
2. ДАРКО СТОЈАНОВ (БРЕГАЛНИЦА)
Уште една одлична партија на централниот дефанзивец. Покрај беспрекорноста во одбраната, партиципираше и со гол во победата од 2-1 против Каменица Саса.
3. ЕСМИН ЛИЧИНА (СКОПЈЕ)
Еден од најзабележителните во победата на Скопје против Тетекс. Со голот уште во раната фаза од натпреварот го најави триумфот на скопјани.
4. БЛАГОЈА ЉАМЧЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Како по обичај повеќе од квалитетно издание на левокрилниот дефанзивец на Пелистер. Цврста игра на гостувањето против Кораби во кое битолчани останаа непоразени.
5. НИЈАЗ ЛЕНА (СТРУГА ТЛ)
Еден од најдобрите во средниот ред на Струга ТЛ. Одличната партија во триумфот од 0-2 против Генч Калемлер ја круниса и со гол во финишот.
6. МАРТИН СТОЈАНОВ (КИТ ГО)
Стандардно еден од најдобрите во составот на Кит Го. Така беше и на дуелот против Кожуф, постојан, цврст , без грешка и околу дефанзивните задачи а максимално акивен и во офанзивата на својот тим.
7. МАРЈАН РИСТОВСКИ (ТИКВЕШ)
Ја најави победата на кавадарчани против Борец. Со убав погодок во првото полувреме го отвори резултатот на патот кон трите бода. Постојано опасен по противничкиот гол и во вториот дел, но и креатор на добар дел од акциите на домашните.
8. РОБЕРТ МИТЕВ (ТИКВЕШ)
Крилниот офанзивец на Тиквеш партиципираше со гол во победата на дербито против Борец. Одличен во офанзивата, конкретен, расположен за игра.
9. ИЛБЕР АЛИЛИ (ГОСТИВАР)
Творец на победата против Лабуништа. Стрелец на единствениот гол на мечот кој значеше три бода за гостиварци.
10. ФЛОРЕНТ ОСМАНИ (СТРУГА ТЛ)
Еден од најзабележителните во тимот на Струга ТЛ кој конечно дојде до првата победа пролетва. Стрелец на првиот гол со кој се најави триумфот на стружани на гостувањето против Генч Калемлер.
11. МУРАТ АДИЛИ (ВЕЛАЗЕРИМИ)
Адили го постигна единствениот гол за Велазарими, но доволен за победата против Гоблен јуниор. Наспроти погодокот еден од најактивните во средниот ред и офанзивната линија на домашниот тим.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЉУПЧО ДИМИТКОВСКИ – ГАЊО (ТИКВЕШ)
Одличен натпревар за Тиквеш во дерби пресметката против Борец. Димитковски прв оваа пролет успеа да скрои тактика за „скалпот“ на Борец. На убедлив начин кавадарчани триумфираа низ добра тактичка постановка со што отворено ја најавија борбата за водечките две позиции на табелата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski