
Последно есенско коло, а најдобропласираните три екипи си заминаа предвреме на одмор. Чудно, но загубија сите на домашен терен. А можеби и математиките се поинакви, треба да се платат зимски подготовки, па добро коефициенти сложно се градат…Но, фактите се дека Шкендија, Македонија ЃП и Шкупи загубија дома.
Пелистер е првиот тим кој ја совлада Шкендија, Струга Трим Лум и по вторпат го победи Шкупи, а Ренова е многу подобра со Ќатип Османи на кормилото.
Победија и Работнички и Вардар за крај на есента.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 18.коло во Првата фудбалска лига.
1. ДАВОР ТАЛЕСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Успеа да ја сочува мирна мрежата во Тетово против Шкендија. Тоа им успева на многу малку голмани.
2. ГОРАН СИЛЈАНОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Ја пронајде препознатливата форма, активен по десната странична позиција, вистински лидер на тимот на Работнички.
3. КЛИСМАН ЦАКЕ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Покрај тоа што е одличен во дефанзивните задачи, постигнува и спектакуларни голови.
4. ХРИСТИЈАН ДРАГАРСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Одбраната на Пелистер го издржа притисокот на напаѓачите на Шкендија, а тој беше секаде каде што беше потребно во и околу сопствениот шеснаесетник.
5. ЃОРГИ СТОИЛОВ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
Кога тој игра во формата со која се наметна и за избор во репрезентацијата, тогаш тимот на Академија Пандев делува многу подобро и бележи позитивни резултати.
6. ЛУКА СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Тинејџерот кој блесна во дресот на Работнички делува како голгетерска машина во последниот период. Постигна два гола за „романтичарите“ и ја донесе победата против Борец.
7. АБДУЛХАДИ ЈАХЈА (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Повторно таличен за Струга Трим Лум. Како и во минатото коло, донесе триумф за својот тим, овојпат на тешкото гостување против Шкупи.
8. МАРТИН МИРЧЕВСКИ (ВАРДАР)
Погоди по само петнаесетина секунди во Струмица против својот поранешен клуб Беласица. Играше одлично на целиот натпревар, создаде многу шанси пред противничкиот гол.
9. ШЕФИТ ШЕФИТИ (РЕНОВА)
Стрелец на победничкиот гол на гостувањето против Македонија ЃП. Брз, пробивен, конкретен и ефикасен.
10. МАРЈАН РАДЕСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
Полека ја враќа репрезентативната форма, со него во нападот Академија Пандев е навистина опасен тим и може да победи секого.
11. БОРЧЕ МАНЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Искуството е негов адут, не му затрепери ногата да донесе многу важна победа за Пелистер на гости против Шкендија.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: СРЃАН ЗАХАРИЕВСКИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Изгради одличен тим, компетитивен, кој фудбалски се надигрува и бележи одлични резултати. Не е лесно да се совлада Шкупи на гости, а Срѓан Захариевски ја пронајде формулата. Покрај триумфот, Струга Трим Лум прикажа и навистина одлична игра. Тоа пресуди Захариевски да биде изборот за тренер на колото, а во сериозна конкуренција беа и Димитар Капинковски и Ќатип Османи.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Валон Етеми стрелец за Истанбулспор (ВИДЕО)

Евро-фудбал
„Роналдо ќе се врати да игра во Европа“

Евро-фудбал
Херта му даде отказ на Фреди Бобич

Евро-фудбал
Шкриниар потпишал за ПСЖ

Интернационалци
Виктор Ангелов потпиша за Глорија Бузау

Евро-фудбал
На „Камп Ноу“ стравуваат за повредата на Дембеле

Евро-фудбал
Монако ја прекина серијата на Марсеј (ВИДЕО)

Втора лига
Пелистер подобар од Караорман на првиот тест

Евро-фудбал
Валенсија сака да го доведе Саул Нигез

Евро-фудбал
„Роналдо ќе се врати да игра во Европа“

Евро-фудбал
Гвардиола: Каква сезона има Нејтан Аке!

Евро-фудбал
Сити го исфрли Арсенал од ФА купот (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Кејлор Навас оди на позајмица во Нотингем Форест

Интернационалци
Валон Етеми стрелец за Истанбулспор (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Монако ја прекина серијата на Марсеј (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Аталанта подобра од Сампдорија (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Педри донесе триумф за Барса (ВИДЕО)

Интернационалци
Убав гол на Барди, пораз на Трабзонспор (ВИДЕО)
