Водечкото трио освои по бод, Шкендија во Струга, а Македонија ЃП и Шкупи во меѓусебната пресмерка во Ѓорче Петров. Вардар направи значаен исчекор, Ќатип Османи веднаш донесе триумф за Ренова, а никако да тргнат напред Работнички и Академија Пандев.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 13.коло во Првата фудбалска лига.
1. ФИЛИП ИЛИЌ (ВАРДАР)
Сигурен на голот, успеа да му одбрани пенал на Ѓорѓи Стоилов во клучен момент и да го трасира патот на Вардар кон победа над Академија Пандев.
2. АЛЕКСАНДАР РИСТЕВСКИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Беше одличен во поле, мотивиран во дефанзива, а успеа и да ја затресе мрежата на Шкендија.
3. БЕСАРТ КРИВАЊЕВА (ШКУПИ)
Стабилен во одбраната, со изразени организациски способности, бескомпромисен во дуелите.
4. ВИКТОР ВЕЛКОСКИ (ВАРДАР)
Тој дава цврстина и искуство на младиот тим на Вардар кој оствари значаен триумф над Академија Пандев.
5. БУРХАН МУСТАФОВ (СИЛЕКС)
Креативен и борбен во средниот ред на Силекс, постигна и погодок со кој ја најави победата во Битола.
6. ТОМЕ КИТАНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Репрезентативен калибар во прволигашката конкуренција, делува по десната страна, но одлично се снаоѓа и кога влезе во средниот ред.
7. ДАРКО РАЗМОСКИ (БЕЛАСИЦА)
Го постигна голот на колото. Со фантастичен удар од 16 метри ја затресе мрежата на Работнички. Беше еден од најагилните во тимот на Беласица.
8. ДЕНИС РИСТОВ (СИЛЕКС)
Ги држеше конците на играта во составот на Силекс, беше стрелец на погодокот кој дефинитивно го откажа тимот на Пелистер.
9. МАТЕЈ ЦВЕТАНОСКИ (ВАРДАР)
Одличен на крилната позиција, континуирано создаваше проблеми за одбраната на Академија Пандев. Неговиот гол го скрши отпорот на гостите кои дотогаш беа и подобар противник.
10. РЕМЗИФАИК СЕЛМАНИ (РЕНОВА)
Гол вреден и многу повеќе од три бода за Ренова. Во 90.минута, кога речиси сите се помирија со реми, тој се снајде најдобро во противничкиот шеснаесетник и погоди за супер камбек на Ќатип Османи на клупата, но и за многу подобра атмосфера во тимот од Џепчиште.
11. БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
Не дозволи Шкендија да загуби во Струга иако мечот влезе во критична фаза. Но, големиот стрелец ја следи секоја ситуација и успеа да ја внесе во гол топката која му дојде како подарок.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: АЛЕКСАНДАР ВАСОСКИ
Го вади максимумот од младиот состав на Вардар. Храбри потези, внесе во игра неколку многу млади момци кои му вратија со одлични настапи. Успеа да победи на тешкиот натпревар против Академија Пандев, тим на кој бодовите исто така му се многу потребни.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski