
Ернест Ѓока ја одведе Шкендија до шампионскиот пехар и го заслужи признанието на МАКФУДБАЛ за најдобар тренер за изминатата сезона во Првата лига. Иако имаше жестока конкуренција и во Срѓан Захариевски, кој со Струга Трим Лум првпат во историјата обезбеди пласман на клубот во Европа, сепак, трофејот на Шкендија има посебна тежина.
Албанскиот стратег со тимот ги почна подготовките за новата сезона и квалификациите во Лигата на шампионите, а се навраќа на минатата и вели дека таа беше испреплетена со многу предизвици.
„Интересна сезона со многу искушенија, почнувајќи од настапот во Европа, па потоа и низ предизвиците што ги носи Првата лига. Секако, да не го заборавиме и искушението што го донесе пандемијата на Ковид-19, прекин на сезоната, па потоа тестирања, заштита, поинакви правила и услови. Една и пол година сум на кормилото на Шкендија и имам интегрирано околу 15 нови фудбалери, требаше да се смени концептот и сите тоа да го прифатат, а заеднички да го реализираме. Столбот на Шкендија се Бесарт Ибраими, Арменд Алими, Егзон Бејтулаи и голманот Костадин Захов, се друго е променливо и може да се прилагодува. И полека го менуваме, внесуваме нови идеи за тимот да биде поконкурентен во сите конкуренции“, вели тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.

Тој тврди дека првенството на Македонија е квалитетно и не е лесно да се освои иако можеби на некого од страна и не му делува така.
„Верувајте, македонскиот шампионат воопшто не е наивен, не е лесно да се освои титулата и иако може и многу подобро, сепак, има конкуренција и мислам дека со малку повеќе вложувања и залагање од сите во фудбалот, може да биде и многу подобро. Токму затоа и сум задоволен што со Шкендија успеавме да ја освоиме шампионската титула“, истакнува Ѓока.
Шкендија веќе размислува за новата сезона, во Европа, но и на домашна сцена.
„Обврските и амбициите на Шкендија се секогаш да се биде на врвот во Македонија и да се направи соодветен успех и на меѓународен план. И ништо не е различно и на почетокот од оваа нова сезона. Ќе се обидеме да стигнеме што е можно подалеку во европските натпреварувања и да ги нападнеме повторно трофеите дома“, порача тренерот на Шкендија во разговорот за МАКФУДБАЛ.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ал-Наср со понуда за Жоао Феликс

Евро-фудбал
ПСЖ го пронајде наследникот на Донарума

Евро-фудбал
Њукасл бара 170 милиони евра за Александер Исак

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски
