
Шкендија доминантно ја освои шампионската титула во Македонија, а во своите редови го има и најдобриот играч за изминатата сезона во изборот на МАКФУДБАЛ, Бесарт Ибраими. Тој смета дека тетовскиот тим сосема заслужено стигнал до шампионскиот трофеј, а тоа е обврска да се продолжи со успеси и во Европа.
„Сезоната помина во знакот на Шкендија, доминиравме од почетокот до крајот. Имавме моменти на криза, но генерално покажавме доминација. Заслужено ја освоивме титулата, ако ги погледнеме статистичките показатели. Шкупи се обидуваше да биде наш конкурент, но ние бевме подобри во континутет и успеавме да го обезбедиме и премногу рано шампионскиот пехар. Секако дека сите сме задоволни поради тоа“, вели Бесарт Ибраими во разговорот за МАКФУДБАЛ.
Сега следи нова европска одисеја, Шкендија ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите.
„Европа за мене е голема мотивација. Уживање е да се играат тие европски натпревари, со Шкендија последно време имаме и успешни резултати. Се надевам дека овојпат среќата ќе не посака, дека ќе имаме добри резултати. Исто така се надевам дека и мерките за пандемијата ќе се ублажат и дека ќе имаме можност и со навивачите како поддршка да ги играме тие важни мечеви“, порачува Бесарт Ибраими.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
