 
																												
														
														
													„Лавовите“ повторно гризат силно. Македонија ЃП го совлада Борец со 2-1 и не само што се зацврсти на третата позиција на табелата која носи излез на европска сцена, туку се доближија и до второпласираниот Шкупи на само два бода. Тимот на Жикица Тасевски потврдува дека нема намера да ја пропушти шансата повторно да учествува на меѓународна сцена.
Главен актер во триумфот над Борец беше напаѓачот Самир Фазли. Тој со два гола донесе победа и покажа дека раководството на клубот заврши одлична работа со неговиот ангажман. Фазли е најдобриот играч на 27.коло во Првата фудбалска лига во изборот на МАКФУДБАЛ.
Македонија ЃП во следното коло ја очекува уште еден дерби натпревар, му гостува на Работнички на Националната арена „Тодор Проески“.

 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														