Работнички е во пролетна офанзива, забележа две победи во низа и го напушти последното место на табелата. Лошата есен е минато, после освојувањето на Струга падна и Шкупи на арената „Тодор Проески“, а најзаслужен за триумфот е Давид Тошевски кој ги постигна двата гола.
Младиот напаѓач игра во одлична форма, три гола за 180 минути, гол-пресврт против Шкупи и нови три бода. По водството на тимот од Чаир, Тошевски блесна во полн сјај и донесе триумф. Со одличното издание го заслужи епитетот за најдобар играч во 20.коло во Првата фудбалска лига на Македонија во изборот на МАКФУДБАЛ.
Следниот предзвик за Давид Тошевски и Работнички е градското дерби со Вардар.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













