
Беласица не се предава. Со засилен тимски дух, неколку нови засилувања и искусен шеф на стручниот штаб, дојде првата пролетна победа. Остварен е важен триумф (2-4) на гости против Ренова, а најзаслужен за тоа секако е крилниот напаѓач Антонио Каланоски кој постигна хет – трик.
Беше незадржлив за одбраната на Ренова, проигруваше, дриблаше, но и најважно – постигнуваше голови. Трипати ја тресеше мрежата на „гипсарите“ и се погрижи за успешен пролетен старт на Беласица, и уште поважно, враќање на реалните можности да се обезбеди опстанок во елитата. Сега конкурентите и не се така далеку, а има уште многу да се игра до крајот на сезоната.
Антонио Каланоски со одличното издание го заслужи епитетот најдобар играч на 19. коло во Првата фудбалска лига, во изборот на МАКФУДБАЛ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
