Ждребот за новото издание на Лигата на нации на УЕФА ќе се одржи на 8 февруари. Фудалската репрезентација на Македонија се наоѓа во дивизијата „Ц“.
Според пласманот од последното издание на ова натпреварување, УЕФА веќе ги одредила барабаните од кои ќе се формираат новите групи. Тоа значи дека македонскиот национален тим на ждребот за ривали сигурно нема да ги добие селекциите на Словачка, Северна Ирска и на Кипар.
Важно е да се напомене дека УЕФА го промени форматот на натпреварувањето за следната сезона. Сега ќе продолжат две селекции, со четвртфинале, полуфинале и финале. Третиот од групата игра плејоф, а последниот ќе испадне.
Првите две кола ќе се играат на 5. и 8. септември 2024 година, по што ќе следат уште два натпревари на 10. и 13. октомври и потоа финалето на 14. и 17. ноември. Елиминациската фаза е резервирана за 2025 година.
Четирите победници на Лигата на нации кои нема да се квалификуваат за Светското првенство во 2026 година ќе имаат можност да играат плејоф за да обезбедат пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.
Ждребот за групната фаза од Лигата на нации е во четврток (8 февруари) во 17.30 часот.
Дивизија Ц
Барабан 1: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург
Барабан 2: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарските Острови
Барабан 3: Северна Македонија, Словачка, Северна Ирска, Кипар
Барабан 4: Белорусија, Гибралтар/Литванија, Естонија, Летонија
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski