Connect with us

Македонија У19 со голем пресврт го победи Кипар

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години во еден интересен натпревар, со многу возбудувања и пресврти, успеа да забележи победа од 3-2 над соодветната селекција на Кипар, на вториот контролен дуел одигран помеѓу овие две селекции.


Нашите млади фудбалери по првите 26. минути од средбата имаа негатива од два гола, но до крајот на средбата направија комплетен пресврт, постигнаа три погодоци и славеа победа.
Шабан Зенку во 40. минута успеа да го намали водството на противникот. Со негатива од еден погодок се замина на полувреме.

Во продолжението од мечот, Македонија одигра одлично, создаваше можности и во последните осум минути од средбата успеа да го скрши отпорот на противникот. Во 83. минута Зани Назифи погоди за 2-2. Во 90. минута, Марко Стоилевски погоди за победа и голема радост на Македонија.

Македонија: Стефан Тасев, Максим Милошевски, Давор Серафимов, Ардијан Османи, Суфијан Чајани, Матеј Ангелов, Мартин Горгиевски, Леон Тасов, Дашмир Елези, Шабан Зенку, Михаил Талевски;
Селектор: Неџат Шабани

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови