
Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години со пораз од Романија го заврши претквалифискиот турнир за Европското првенство што се одржа во Шкотска. Нашите млади фудбалери загубија од Романија со 0-3 (0-2).
Натпреварот започна динамично, а двата тима имаа можност да реализираат од пенал во првото полувреме, но само Романците беа прецизни. Костин Георге го отвори резултатот во 25. минута, успешно реализирајќи од белата точка. Само три минути подоцна, Ненад Дамјаноски промаши пенал за Македонија, а противникот ја удвои предноста пред крај на првиот дел.
Во второто полувреме македонските надежи создадоа неколку добри прилики, но не успеаја да ја погодат мрежата на противникот. Како дополнителен удар, Романија постигна уште еден гол во финишот, со што го запечати поразот на Македонија.
Со овој триумф, Романија се искачи на второто место на табелата со шест бода, додека Македонија остана со четири. На крајот, пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство обезбеди Шкотска, која беше домаќин на турнирот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
