Connect with us

Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Македонската репрезентација до 16 години славеше победа од 3-0 против Црна Гора на контролниот натпревар одигран денеска на “Билјанини извори” во Охрид.

Нашата младинска селекција доминираше на мечот. Во првото полувреме, Масев, Ристиќ и Акики имаа одлични прилики за отворање на резултатот, но до 39. минута резултатот остана почетниот.

Адриан Велески со одличен продор даде гол за 1-0, а Марин Крстевски пред крајот на првиот дел со еврогол ја удвои предноста за Македонија.

По еден час од натпреварот, Крстевски одлично асистираше до Ристиќ кој реализираше за високи 3-0.
Во вторите 45. минути, Полимац и Емини исто така беа во шанса, но поуспешен беше гостинскиот голман.

Вториот контролен натпревар меѓу двете селекции е закажан за 21. август во 11 часот во Охрид.

Македонија до 16 години: 1. Петар Талески, 3. Михајло Павлов, 4. Матеј Бочевски, 5. Матеја Масев, 6. Амар Акики, 7. Александар Полимац, 9. Стефан Ристиќ, 10. Павел Стојанов, 11. Марин Крстевски, 15. Илија Аксентиев, 18. Адриан Велески; Селектор: Иљами Исејни;

Играа уште: Рон Мемеди, Огнен Сивевски , Медин Емини, Ефе Раифи, Благојче Седлоски, Огнен Јаков, Марио Стојчевски, Далибор Марковиќ;

Црна Гора до 16 години: 1. Дамјан Јанковиќ, 2. Немања Нишавиќ, 3. Немања Никочевиќ, 4. Петар Мерсениќ, 5. Андрија Нововиќ, 6. Лазар Грбовиќ, 7. Петар Вуковиќ, 8. Данило Вуковиќ, 9. Славко Конатар, 10. Урош Самарџиќ, 11. Никола Милачиќ; Селектор: Владан Савиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови