Connect with us

Македонија У15 поразена од Србија

Македонската репрезентација до 15 години загуби со 3-2 од Србија на вториот контролен натпревар одигран денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Првиот дуел меѓу двете младински селекции заврши без победник 2-2.


На денешниот натпревар, фудбалерите на селекторот Раде Каранфиловски дојдоа во водство со голот на Митановски во 10. минута. Сепак гостите од Србија со три гола, од кои два на Матијашевиќ и еден на Маровиќ, поведоа со 1-3 до полувремето.

На почетокот на вториот дел, нашата селекција со гол од пенал на Грашевски успеа да го ублажи поразот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови