
Фудбалската федерација на Македонија во периодот од 17. до 22. октомври е домаќин на УЕФА развојниот турнир за девојки до 15 години, на кој покрај домаќините Македонија учество земаат и селекциите на Косово, Романија и Чешка.
На првиот натпреварувачки ден Македонската селекција за девојки до 15 години го совлада Косово со 4 – 0. Стрелци за македонската репрезентација беа Теона Галабовска која ги постигна првите два гола и Настасја Настова која го зголеми водството на 3-0 и потоа на 4-0.
На вториот натпревар Чешка беше подобра од Романија, со идентичен резултат 4-0.
На списокот на селекторот Јовица Блажески за настап на овој турнир беа повикани следните фудбалерки:
Голмани: Ангела Блажева, Ања Петрушевска
Одбрана: Александра Ристевска, Јована Јованоска, Искра Смилевска, Мила Стојановска, Тамара Нешковска, Михаела Марковска
Среден ред: Теодора Настова, Канита Емини, Теона Галабовска, Ева Величковска, Мила Панева, Сара Атанасовска, Јована Петровска
Напад: Тајна Грозданоска, Меланија Грозданова, Андреа Коловска, Антонија Спиркоска
Следни натпревари на распоредот на турнирот се:
Македонија – Романија – 19.10.2022 г. (среда) – 12.00 часот / ФФМ Тренинг Центар
Косово – Чешка – 19.10.2022 г. (среда) – 12.00 часот / Стадион Маџари
Македонија – Чешка – 22.10.2022 г. (сабота) / ФФМ Тренинг Центар
Косово – Романија – 22.10.2022 г. (сабота) / Стадион Маџари
Влезот на стадионите е бесплатен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
