Македонија моментно се наоѓа на 69. место на ранг-листата на ФИФА, како реултат на четирите освоени бода на нашиот национален тим на септемвриските квалификациски натпревари. „Црвено-жолтите“ одиграа два добри натпревари, ремизирајќи на гостувањето во Израел, за потоа да стигнат и до цел плен на дуелот во Рига против селекцијата на Летонија.
Откако ланскиот месец го мина на 71. место, македонскиот национален тим ги прескокна репрезентациите на Јужна Африка и на Саудиска Арабија, влегувајќи меѓу Топ 70 селекциите во светот. На чело на ова рангирање останува селекцијата на Белгија, а Франција го прескокна Бразил и сега е второрангирана светска репрезентација. Зад „кариоките“, листата од Топ 10 светски селекции ја комплетираат Англија, Португалија, Уругвај, Шпанија, Хрватска, Колумбија и Аргентина.
Од селекциите во нашата група најдобро рангирана е Полска на 22. место, пет позиции зад Полјаците е Австрија, репрезентацијата на Словенија е на 58. место, Израел на 86. позиција, додека Летонија по последните порази падна на 139. место.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Брендан Роџерс го напушти Селтик













