
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) ја пречекува Летонија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во петтиот меч од тековниот циклус во Лигата на нации. Со серија од три победи без примен гол, селекцијата на Благоја Милевски е фаворит на дуелот со Летонците кои релативно лесно и убедливо ги совлада и во Рига.
Ако можеа во Рига, секако дека можат и во Скопје, со поддршката од македонските фанови.
Голманот Столе Димитриевски би сакал повторно неговата мрежа да мирува, но пред сѐ Македонија да оствари победа.
„Нашата цел е нова победа, да го осигураме првото место во групата, а јас би сакал и да остане мојата мрежа недопрена. Атмосферата во националниот тим е одлична, се надеваме дека ќе ја продолжиме серијата од минатиот мини-циклус. Ја респектираме Летонија, знаеме дека се квалитетна селекција и дека нема да биде лесно, но веруваме во нашиот квалитет и ќе сториме сѐ да стигнеме до нова победа“, изјави Столе Димитриевски.
Македонија овој циклус во Лигата на нации ќе го заврши со мечот против Фарски Острови, на 17 ноември, исто така на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација
