
Фудбалската репрезентација на Македонија ја стартуваше 2022 година на 67.место на листата на ФИФА. Позицијата на нашиот национален тим остана непроменета и на најновото издание на рангирањето на најдобрите светски селекции.
Нашиот ривал во плејофот за пласман на Светското првенство, европскиот првак Италија, е рангирана како шеста сила во светот.
Од противниците во Лигата на нации, Бугарија се наоѓа на 71. позиција, Грузија е на 86.место, додека Гибралтар е на 203.место.
Најдоброрангирана селекција на ФИФА – листата и понатаму е Белгија, пред Бразил, и пред Франција. Меѓу првите десет се и Аргентина, Англија, Италија, Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
