Connect with us

Македонија на „Паркен“ во Копенхаген ќе го игра баражот против Данска

Фудбалската репрезентација на Македонија во март ја очекува гостување против селекцијата на Данска во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство. Данската федерација го потврди стадионот на кој ќе се одигра дуелот.
За место во финалето на плеј-офот, македонската репрезентација ќе се надигрува против домаќинот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген. Култниот стадион е со капацитет од 38.065 гледачи, а официјалната продажба на билети за натпреварот се очекува да започне во февруари.

Данска и Македонија ќе играат на 26 март од 20:45 часот. Пет дена подоцна, во истиот термин, победникот ќе излезе на мегдан со подобриот од двобојот Р. Ирска – Чешка за пласман на Светското првенство 2026.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови