Македонските клубови ја искористија репрезентативната пауза да одиграат пријателски натпревари. Македонија ЃП го победи Вардар со 2-0. Стрелци на головите беа Филип Алексовски и Матеус Лемос во првиот дел.
Новиот тренер на Шкупи, Чихан Арслан, ја оствари првата победа на кормилото на актуелниот шампион. Шкупи славеше против Пехчево со 2-1.
Беласица ја победи Брегалница со 1-0, а Академија Пандев и Силекс одиграа 2-3, но во нестандарден меч кој траеше 4 х 30 минути.
Тиквеш и Детонит Плачковица во Кавадарци ремизираа 1-1, а ФК Скопје со убедливи 7-1 победи против Борец. Но, тоа не беше најубедливиот триумф.
Струга ТЛ го совлада Караорман со 8-1, а Абдулхади Јахја постигна хет-трик.
Беса го совлада тимот на Влазерими со 3-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













