Јирген Клоп испрати емотивна видео-порака до Пеп Гвардиола по повод 1000. натпревар во кариерата на менаџерот на Манчестер Сити. Утре „граѓаните“ ќе се соочат со Ливерпул во меч од Премиер – лигата, кој ќе го одбележи овој голем јубилеј на шпанскиот стратег.
„Пеп, пријателе! Добредојде во клубот 1000!
Не можам да поверувам дека изгледаш толку млад, а веќе си стигнал до оваа неверојатна бројка. Веројатно не треба да кажам дека јас го достигнав тоа со 81 натпревар помалку, но… можеби тоа е единствениот пат кога сум те победил!
Беше задоволство и чест да се соочувам со тебе толку често низ мојата кариера. Тоа беа најтешките натпревари, но во исто време највозбудливите, бидејќи ти беше и остануваш извор на инспирација за сите нас.
Твоето разбирање за фудбалот е речиси неспоредливо, а твојата желба да се докажуваш секој ден е извонредна.
Сега си член и на уште еден легендарен клуб – напред кон следниот! Сè најдобро, се гледаме наскоро, и ти посакувам да го прославиш влегувањето во клубот 1000 со чаша црвено вино!“, изјави Клоп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Нејмар ќе потпише нов договор со Сантос
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













