Шкендија не успеа да слави на дербито против Шкупи, тимот од Чаир освои бод играјќи 1-1 во Тетово против лидерот. Ова реми во дерби-пресметката во Тетово го искористи Македонија ЃП која со триумфот (1-3) над Работнички се проби на втората позиција со 25 бода, само еден бод зад Шкендија.
Суперталентот Дашмир Елези кој има само 16 години, на самиот истек на првото полувреме ја доведе Шкендија во водство.
Одлично ја смири топката во шеснаесетникот и ја затресе мрежата на Шкупи. Но, чаирчани возвратија веднаш штом почна вториот дел, Илирид Адеми со удар со глава го совлада Захов во 52.минута. До крајот и двете екипи се обидоа да го грабнат целиот плен, но, сепак, се задоволија со по еден бод.
Македонија ЃП го победи Работнички на арената „Тодор Проески“ со 1-3. Филип Петров во седмата минута го отвори резултатот, а во 23.минута Ермедин Адем од пенал зголеми на 0-2.
Надеж за „романтичарите“ се појави со автолот на Адем во 33.минута, но „лавовите“ сепак го скршија отпорот на Работнички со третиот гол, што го постигна Фернандо Аугусто во 53.минута. Составот на Ратко Достаниќ немаше сили да се врати резултатски, а двете екипи го завршија мечот со десетмина играчи поради исклучувањата на Давид Атанасковски и на Стефан Јевтоски.
Академија Пандев во голеада успеа да слави против Пелистер со 3-2. Даниел Миловановиќ постигна прекрасен гол во осмата минута, но Пелистер израмни од пенал десет минути подоцна преку Кочоски. „Пандевци“ заминаа на одмор со предност, откако Драгарски ја затресе сопствената мрежа. Пелистер повторно израмни од пенал во 61.минута со вториот гол на Валентин Кочоски, а во финишот пенал и за Академија Пандев. Успешен реализатор беше Марјан Радески во 87.минута.
Струга Трим Лум ја совлада Ренова со 1-0, со голот на Клисман Цаке во 33.минута.
Беласица го искористи траорниот момент во Кратово и го победи Силекс со 0-1. Антонио Каланоски во 88.минута излезе сам пред голот на Силекс и ја затресе мрежата.
Вчера. Вардар славеше со 0-2 на гости против Борец во Велес.
ПРВА ЛИГА, 12.КОЛО
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 1-1
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-3
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР 3-2
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РЕНОВА 1-0
СИЛЕКС – БЕЛАСИЦА 0-1
ВЧЕРА: БОРЕЦ – ВАРДАР 0-2
Standings provided by SofaScore LiveScore
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Халанд: Мечот со Англија е специјален за мене
Втора лига
Баже Јанакиевски е нов тренер на Работнички













