Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, по 15 години замина од „Олд Трафорд“. Го направи тоа на триумфален начин, со победа над Арсенал (3-2) водејќи го тимот како привремен тренер. Откако ја заврши играчката кариера тој работеше во стручниот штаб на Оле Гунар Солскјер, а по неговото заминување остана и како привремено решение на клупата.
„Времето кое го поминав во Манчестер ми е најдоброто во кариерата. Кога пред 15 години го потпишав првиот договор ни во најлудите сништа не можев да замислам дека ќе освојувам трофеи, а секако никогаш нема да ги заборавам фантастичните спомени како играч и дел од стручниот штаб. Уште кога играв и ветив на сопругата, ќерката и синот дека по завршувањето на кариерата ќе водам нормален живот и дека ќе се исклучам од фудбалот. А потоа влегов во тренерските води. Тоа е сериозна работа. Затоа ова победа над Арсенал е совршен начин да ставам крај. Секогаш ќе останам навивач за Манчестер Јунајтед“, изјави Мајкл Карик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal