
Голманот на Милан, Мајк Мањан, ќе го пропушти Светското првенство во Катар откако на тренинг на „росонерите“ ја обнови повредата на потколеницата која го оддалечи од терените од 22 септември.
„Росонерите“ ќе можат да сметаат на него дури по враќањето од паузата од Катар, додека Дешамп ќе треба да смета на Лорис и на Манданда како адути за Мундијалот.
Повредата ја заработи на мечот меѓу репрезентациите на Франција и Австрија, а веќе пропушти пет меча за шампионот во Серија А. Неговото враќање беше предвидено за овој викенд, но новата повреда ќе го оддалечи и од Светското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
