Поранешниот фудбалер на Ливерпул и на Лацио, Лукаш Леива, реши да стави крај на кариерата поради проблеми со срцето.
Кариерата ја заврши таму каде што започна, во Гремио.
Бразилецот од овој клуб се пресели за пет милиони фунти во 2007 година во Ливерпул за кој одигра 346 натпревари пред да направи трансфер во Лацио во 2017.
„Можам само да бидам благодарен за кариерата што ја изградив. Дојде денот кога треба да се простам од теренот. И признавам дека повисоки сили ме принудија на таа одлука. Завршувам каде што сакав, но не и кога сакав. Имав големи надежи дека ќе можам да продолжам, но тоа не е така. Морам да го ставам здравјето на прво место“, изјави Лукаш Леива преку социјалните мрежи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













