 
																												
														
														
													Лукас Васкез и официјално стави крај на својата долга кариера во Реал Мадрид, а неговата следна дестинација најверојатно ќе биде Италија. Според информациите на „Калчомеркато“, Јувентус е еден од главните кандидати за да го доведе 34-годишниот фудбалер.
По разделбата од „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч, агентите на Васкез го понудиле на „старата дама“. Тој одбил понуда од друг шпански клуб, што го отвора патот за преселба во Серија А, каде што потенцијално би се соочил со својот поранешен соиграч Лука Модриќ, кој сега ќе игра за Милан.
Јувентус активно бара засилување за десната страна во одбраната. Спортскиот директор Дамиен Комоли и тренерот Игор Тудор разгледуваат неколку опции, меѓу кои и помлади фудбалери како Жоан Гонзалес и Додо од Фиорентина.
Сепак, Лукас Васкез се смета за поискусна и подостапна опција, особено поради тоа што може да биде донесен без отштета.
Една од можните пречки е неговата плата – во Реал Мадрид заработуваше околу 4.5 милиони евра годишно.
Во минатата сезона под водство на Карло Анчелоти, Лукас Васкез одигра 32 натпревари во Ла Лига, постигна еден гол и запиша пет асистенции.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														