Лукас Пакета, фудбалерот на Вест Хем, размислува да покрене тужба против Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), откако независна комисија го ослободи од сите обвиненија за вмешаност во обложување, односно т.н. „спот-фиксинг“.
Адвокатите на 28-годишниот Бразилец веќе ги разгледуваат сите правни можности, пренесува „Би-Би-Си Спорт“.
Пакета во мај 2024 беше обвинет дека намерно добивал жолти картони со цел да влијае на пазарот за обложување, но во јули годинава беше целосно ослободен од сите четири обвиненија.
Во извештајот од комисијата се доведува во прашање одлуката на ФА да не ангажира независни експерти за анализа на податоците поврзани со обложувањето. Истрагата почна уште во август 2023 година, а обелоденувањето на случајот доведе до пропаѓање на неговиот трансфер во Манчестер Сити вреден 80 милиони фунти.
Комисијата нагласува дека и играчот и Вест Хем можеле да претрпат загуби од десетици милиони фунти, при што и двата субјекта си ги задржуваат правата за понатамошни постапки.
ФА соопшти дека нема да поднесе жалба на одлуката, но не сакаше да ја коментира можноста за тужба од Пакета или клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













