
Напаѓачот Ромелу Лукаку, кој моментално е позајмен во Интер, би можел да му се приклучи на Реал Мадрид за следната сезона. Тренерот на европскиот шампион Карло Анчелоти е заинтересиран за трансфер на 29-годишниот фудбалер, кој е во сопственост на англискиот премиерлигаш Челси.
На почетокот на неделата стана јасно дека Интер нема желба да го откупи Лукаку од лондонскиот клуб.
„Нероаѕурите“ го потпишаа напаѓачот на позајмица од Челси во јули 2022 година. Во сезоната 2022/23, тој постигна пет гола и забележа една асистенција на 18 натпревари за миланскиот гигант.
Белгиецот, кој е поранешен играч на Евертон и на Манчестер Јунајтед, е проценет на 55 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
