
Фудбалерите на Реал Мадрид изборија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, елиминирајќи го градскиот ривал, Атлетико. По победата на Реал со 2-1 во првиот натпревар, Атлетико успеа да возврати со 1-0 во регуларниот дел на реваншот. Во продолженијата немаше голови, па победникот беше одлучен по изведување на пенали.
Хрватот Лука Модриќ започна од првата минута за Реал и постави уште еден рекорд во Лигата на шампионите. Ова беше неговиот 140. настап во елитното европско натпреварување, а воедно и негов 12. натпревар во ЛШ како 39-годишник – што е нов рекорд. Досега Модриќ беше израмнет со Пепе и Дејвид Вир, но сега тој е сам на врвот.
Исто така, ова беше неговиот 42. настап во мадридското дерби. Рекордер е Серхио Рамос со 43 настапи, но бидејќи тој веќе не игра за Реал, Модриќ има шанса да го израмни, па дури и да го надмине рекордот ако остане уште една сезона во клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
