
Лука Модриќ, капитенот на хрватската репрезентација и поранешен играч на Реал Мадрид, на 39-годишна возраст направи нов чекор во кариерата – се пресели во редовите на Милан. Италијанскиот клуб ја потврди оваа информација преку својата официјална веб-страница, по завршувањето на Светското клупско првенство, на кое Модриќ го имаше својот последен настап во дресот на „кралевите“.
La Scala del Calcio has a new maestro 🎻 #WelcomeModrić
— AC Milan (@acmilan) July 14, 2025
Милан е шести клуб во богатата кариера на Модриќ. Откако го мина младинскиот погон на Динамо Загреб, своето име почна да го гради преку позајмици во Зрински Мостар и Интер Запрешиќ. Подоцна, три сезони го носеше дресот на Динамо, пред да премине во Тотенхем. Од таму во 2012 година се пресели во Реал Мадрид, каде остана 13 сезони.
Симбол на една ера во Реал Мадрид
За време на неговиот престој во Реал, Модриќ стана еден од највлијателните играчи во историјата на клубот. Освои вкупно 28 трофеи – повеќе од кој било друг фудбалер што играл за мадридскиот гигант. Покрај трофеите, неговиот придонес се гледа и во неговата улога како лидер и креативна сила на средината.
Во 2024 година, Модриќ го презеде капитенската лента, стана највозрасниот играч во историјата на клубот и се искачи меѓу првите десет по број на одиграни натпревари – вкупно 597.
Сега, со нов предизвик во Милан, Модриќ ќе се обиде да внесе искуство и стабилност во тимот, и повторно да се докаже на највисоко ниво, овојпат во италијанското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
