Капитенот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, наскоро ќе стане малцински сопственик на клубот од Чемпионшип, Свонси. Веќе е постигнат договор 39-годишниот играч да стане еден од малцинските акционери на велшкиот клуб кој настапува во англискиот фудбал.
Во моментов, Свонси се наоѓа на 12. место во Чемпионшип со 54 поени, по 15 победи, девет ремија и 18 порази, без реални шанси за учество во плејофот за промоција, но и без ризик од испаѓање. Последен пат „лебедите“ играа во Премиер – лигата во сезоната 2017/18, кога испаднаа по седум последовни сезони во елитата.
Од друга страна, бизнис инвестицијата на Модриќ воопшто не значи дека тој ќе се повлече од фудбалот уште сега.
Целта на искусниот Хрват е да го продолжи договорот со Реал Мадрид, кој истекува летово.
Во тековната сезона, Лука Модриќ има вкупно 48 настапи со четири голови и седум асистенции, иако на околу половина од натпреварите влегуваше како замена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













