Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, предупреди дека неговиот тим го очекува исклучително тежок натпревар во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Астон Вила во Бирмингем. Парижани имаат предност од 3-1 од првиот меч и се на чекор до полуфиналето.
„Поминавме пат од целосен песимизам на стартот на сезоната до еуфорија, но најважно е што созреавме како тим. Сè уште ништо не е завршено. Нѐ очекува тежок натпревар и подготвени сме да патиме. Се надевам дека ќе успееме да избориме пласман понатаму“, изјави шпанскиот стратег.
Средбата ќе се одигра вечерва од 21 часот на „Вила Парк“, а победникот од овој двомеч ќе се сретне во полуфиналето со подобриот од дуелот меѓу Арсенал и Реал Мадрид. Арсенал има убедлива предност од 3-0 пред утрешниот реванш во шпанската престолнина.
ПСЖ останува во трка за своето прво европско финале по 2020 година, а Луис Енрике, кој веќе еднаш ја освои Лигата на шампионите со Барселона, се надева дека ќе ја повтори таа магија и со францускиот гигант.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













