
Двајцата фудбалери на Ливерпул кои не присуствуваа на погребот на Диого Жота и Андре Силва, сепак ја оддадоа својата почит на поинаков начин. Станува збор за Алисон Бекер и Луис Дијас, кои вчера присуствуваа на литургија во црквата во Гондомар, родниот град на двајцата португалски фудбалери, за да ја изразат својата почит во нивен спомен.
На церемонијата им се придружија и неколку други познати имиња од португалскиот фудбал, меѓу кои Диого Кошта, Жозе Са, Андре Орта, Жоао Марио, агентот Жорге Мендеш, тренерот на Ешторил, Јан Катрo и целиот тим на Пенафил, клубот на Андре Силва. Според информациите, околу 100 лица се собрале за да им оддадат почит.
По веста за трагичната смрт на Жота, и Алисон Бекер и Луис Дијас јавно ја изразија својата тага и сочувство до семејствата на починатите. Во моментот на погребот, тие се наоѓале во своите татковини, Алисон во Бразил, а Луис Дијас во Колумбија, и не успеале навреме да организираат патување. Сепак, по социјалните мрежи се проширија фотографии од Дијас како присуствува на приватна забава со инфлуенсери во Баранкиља, што предизвика критики и негативни коментари од навивачите на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
