Српската компанија „Телеком Србија“ ќе издвои 600 милиони фунти за телевизиските права на натпреварите од фудбалската Премиер лига во следните шест сезони, открива британски „Тајмс“. Шестгодишниот договор меѓу американската компанија „Ен-би-си“ и Премиер – лигата, вреден две милијарди долари предизвика големо внимание на светската јавност поради бројката која ги надминува сите деловни рамки.
Србите се убедливо најдобриот „пријател“ на Премиер – лигата и нивниот договор со тоа натпреварување на годишно ниво е речиси двојно поголем од најголемиот претходен потпишан од Кинезите во 2019 година кои платиле 181 милиони фунти за договор за три години.
Кога станува збор за Србија, а преку кабелските оператори се прикажува и во Македонија, Премиер – лигата досега ексклузивно се прикажуваше на ТВ Спорт клуб, чија компанија „Јунајтед Груп“ издвојуваше по 10 милиони фунти по сезона, а од идната година најсилната светска лига се сели на ТВ Арена спорт.
„Телеком Србија“ ќе плаќа дури 100 милиони фунти годишно за ексклузивните права на ова првенство, кое во соработката потпишана на шест години изнесува вкупно 600 милиони.
Овде се доаѓа до заклучок дека Србија издвојува повеќе пари за преноси од Премиер лигата на годишно ниво од Кина (75 милиони) и Австралија (54 милиони). Србија е многу блиску до „Беин спортс“, медиумски гигант кој ги покрива сите арапски земји и за тоа издвојува 124 милиони фунти годишно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед и Интер во трка за Адејеми
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026













