Македонскиот првак Шкендија доживеа дебакл на гостувањето во Мурска Собота, загуби со 5-0 од словенечкиот шампион Мура и без испукан куршум ги завршува настапите во квалификациите на Лигата на шампионите. Во двомечот, Мура славеше со преубедливи 6-0. Утешна награда за тимот на Ернест Ѓока ќе биде што се префрлува во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.

Шкендија се држеше само дваесетина минути, а потоа почна да меле машинеријата на Мура. Словенечкиот тим упати 20 шутеви кон голот на Захов, резултатот се чини можеше да биде и двоцифрен.
Лука Бобичанец со силен и прецизен удар донесе водство во 25.минута, а пред крајот на првиот дел изнуди и црвен картон за Јан Кривак.
Во 45.минута, Нино Коутер зголеми на 2-0 и беше јасно дека ќе биде лоша вечер за Шкендија.
Во вториот дел Мура комплетно го декласира македонскиот претставник. Михаел Клепач во 55.минута постигна трет гол, Жига Коус беше стрелец на четвртиот погодок во 64.минута, а Клепач ја затвори серијата голови во 87.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски













