Шахтјор Доњецк го совлада Реал Мадрид и вторпат во Лигата на шампионите оваа сезона и ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата. По денешниот пораз (2-0) Реал Мадрид сега виси, со оглед дека во последното коло го пречекува лидерот на табелата, Борусија Менхенгладбах.
„Кралевите“ пропуштија неколку шанси преку Асенсио и Бензена, а тоа го казни Шахтјор. Дентињо во 57.минута донесе предност за украинскиот тим, а Манор Соломон ја потврди победата во 82.минута.
Салцбург славеше на гости во Москва против Локомотив со 1-3. Мергим Бериша ги постигна првите два гола за австрискиот тим, намали Миранчук од пенал во 79.минута, но само две минути подоцна Карим Адејеми го постави конечниот резултат, 1-3. Салцбург сега е третопласиран во групата А со четири бода, еден помалку од Атлетико Мадрид кој вечерва го пречекува Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













