
Њукасл ја забележа првата победа во новото издание на Лигата на шампионите, триумфирајќи убедливо со 0-4 на гостувањето кај Унион Сен Жилоа во натпреварот од второто коло.
Избраниците на Еди Хау немаа никаков проблем со белгискиот домаќин и триумфот го најавија уште во првото полувреме. Резултатот го отвори Германецот Ник Волтемаде, а до паузата стрелаше и Ентони Гордон, кој прецизно реализираше пенал во 43. минута.
Истиот играч изведе уште еден пенал во второто полувреме, а конечните 0-4 ги постави Харви Барнс, кој постигна погодок десет минути пред крајот на регуларното време.
Азербејџанскиот првак Карабах продолжува со одличните настапи во елитната фаза и оствари нов триумф, овој пат над данскиот Копенхаген со 2-0.
Погодоците за домашниот тим ги постигнаа Абдела Зубир и Емануел Адаи, а Карабах сега има максимални шест бодови по два одиграни натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул му понуди нов договор на Конате

Евро-фудбал
Арсенал го обнови интересот за Арда Ѓулер

Евро-фудбал
Левандовски следното лето доаѓа во Милан?
