Connect with us

ЛШ: Може ли Порто да му нанесе уште едно големо разочарување на Интер?

Порто и Интер вечерва на „Драгао“ го играат реванш натпреварот од осминафиналето од Лигата на шампионите. „Нероаѕурите“ имаат минимална предност од еден гол (1-0) со голот на Ромелу Лукаку на првиот натпревар во Милано.


Порто како домаќин беше многу успешен против италијанските тимови во европските натпреварувања под водство на Серџо Консеисао и сигурно ќе сака да ја продолжи таа традиција.

Тие веќе ги исфрлија Рома и Јувентус во осминафиналето на Лигата на шампионите во 2018/19 и 2020/21, а минатата сезона забележаа победа и нерешено против Милан во групната фаза пред да го елиминираат Лацио во Лигата на Европа.

Интер се надева дека ќе се квалификува за своето прво четвртфинале во ЛШ од сезоната 2010/11.
Порто го доби последниот натпревар од португалското првенство на домашен терен со 3-2 против Есторил. Се очекува вечерва за Порто да стартуваат Мехди Тареми и Тони Мартинез во нападот.

Интер продолжува со променливи игри во Серија А каде загуби на гостувањето кај Специја со 2-1, забележувајќи уште еден неубедлив настап на гостински терен.

Иако е на втората позиција, тимот е на цели 18 бода негатива од лидерот Наполи, а многу пореална цел за тимот е да го задржи местото во топ 4 отколку да размислува за титула.

Се зборуваше за тензија во тимот и неизвесност околу иднината на тренерот Симоне Инзаги, но тој доби поддршка од раководството.


Нападот на „нероаѕурите“ се очекува да го предводат Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови