
Англискиот тим Манчестер Сити е многу блиску до пласман во финалето на Лигата на шампионите откако направи целосен пресврт во второто полувреме и го совлада Пари Сен Жермен со 1-2. По водството на ПСж со голот на Маркињос во 15.минута, тимот на Пеп Гвардиола одигра многу подобро во вториот дел и постигна два гола за триумф во Париз.
Фил Фоден во 42.минута не реализираше од изгледна позиција, но најави дека „граѓаните“ се решени да остварат позитивен резултат на „Паркот на принцовите“.
Кевин де Бруин во 64.минута сакаше да нафрли кон голот, но одбраната на ПСЖ не расчисти, а топката на крајот заврши во мрежата на Кејлор Навас. Седум минути подоцна, Ријад Махрез од слободен удар постигна прекрасен гол и се погрижи за комплетен пресврт.
Неволјите на ПСЖ продолжија со исклулувањето на Идриса Геје во 77.минута. Тој грубо стартуваше над Гундоган и доби црвен картон.
Реваншот се игра на 4 мај на „Итихад“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
