
Ливерпул бил и во многу понезавидна ситуација, па успеал да елиминира шпански великан во Лигата на шампионите. Во 2019 година, тимот на Јирген Клоп го направи можеби најголемиот пресврт, откако на „Енфилд роуд“ ја совлада Барселона со 4-0, иако на „Камп Ноу“ претходно загуби со 0-3. Сега пред себе го има Реал Мадрид и мотивацијата да обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Црвените“ го загубија првиот меч во Мадрид со 3-1, но со брз гол на „Енфилд Роуд“ би биле на дофат на пласман и остварување на целта.
„Не очекува уште еден тежок натпревар, Реал Мадрид покажа дека е многу квалитетен тим. Да, можеби ќе ни недостига и публиката за да се чувствуваме уште посилни. Но, убеден сум дека момците ќе сторат се за да ја надоместат негативата“, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Манчестер Сити со мала предност (2-1) отпатува во Дортмунд на возвратниот дуел против „милионерите“. Пеп Гвардиола засега добро „вози“ во мисијата конечно да го освои трофејот во ЛШ и со „граѓаните“, но дали така размислуваат и Ерлинг Халанд, Марко Ројс и останатите од тимот на Борусија.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
