
Баерн Минхен ја потврди фаворитската улога против Салцбург и славеше со неверојатни 7-1 во реваншот на „Алијанц арена“ откако првиот меч во Австрија заврши со реми, 1-1. Тимот на Џулијан Нагеласман овојпат ги разреши сите дилеми за дваесетина минути, оди во четвртфиналето на ЛШ, а Роберт Левандовски постигна хет – трик за 11 минути.
Полскиот интернационалец двапати погоди од пенал, во 12. и во 21.минута, а само две минути подоцна постигна и трет гол. До крајот на првиот дел и Серж Гнабри зголеми на 4-0.
Во второто полувреме, Томас Милер беше двоен стрелец, а погоди и Лирој Сане. Единствениот погодок за Салцбург беше дело на Кјаергард во 70.минута.
Интер го победи Ливерпул на „Енфилд Роуд“ со 0-1, но тоа беше недоволно за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Фантастичен гол постигна Лаутаро Мартинез во 62.минута, а само една минута подоцна Алексис Санчез доби втор жолт картон и беше исклучен. По ова, Ливерпул ја контролираше играта, а Мохамед Салах немаше среќа и двапати ја погоди рамката од голот на Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
