
Португалскиот гигант Бенфика вторпат го победи Клуб Бриж, овојпат со 5-1 на „Луж“ и сосема заслужено, со вкупен резултат 7-1, се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
„Орлите“ немаа проблеми против ривалот од Белгија и до врв му ја наполнија мрежата.
Рафа Силва во 38.минута го отвори резултатот, а Гонсало Рамош зголеми на 2-0 во последните мигови од првиот дел.
Рамош беше стрелец и на третиот гол, а на 4-0 зголеми Жоао Марио и го израмни рекордот на Еузебио, постигнувајќи гол на пет последовни меча.
Давид Нерес стрелаше како петти во тимот на Бенфика, а почесниот гол за Бриж го постигна Меијер во 87.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген мора на нова операција на грбот

Евро-фудбал
Арсенал го објави петтото засилување ова лето

Втора лига
Турски инвеститор ја презеде Брегалница
