Connect with us

Лоша вест од Швајцарија: Алиоски се здоби со фрактура на ногата и ќе паузира подолг период

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски се здоби со сериозна повреда, ќе отсуствува подолг период и нема да може да настапи за националниот тим на мечот против Велс во Карфиф. Алиоски на вчерашниот меч заработи фрактура на левата нога.

Само 21 минута по почетокот на мечот, Алиоски мораше да биде заменет по силен удар од противнички играч, а на негово место влезе Мартин Маркес. Веста што пристигна денеска е лоша: лекарските прегледи покажаа отворена фрактура на левата листна коска.


Според соопштението на клубот Лугано, 33-годишниот македонски репрезентативец ќе отсуствува неколку недели, а повредата ќе се третира конзервативно, без операција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови