Нотингем Форест не игра добро оваа сезона во Премиер – лигата. По 15 одиграни кола „шумарите“ се на 16. место на табелата со 13 бодови, а последниот дебакл во дуелот со Фулам (0-5) значително ја разниша позицијата на менаџерот Стив Купер, пренесуваат британските медиуми.
Купер го воведе тимот во Премиер – лигата во 2022 година, минатата сезона успеа да остане во елитата, а оваа сезона по 15 кола претрпе дури осум порази.
Наводно, челниците на клубот размислуваат за промена и го имаат првиот пик.
Шпанецот Хулен Лопетеги, кој е без работа откако летово го напушти Вулверхемптон, е првиот пик на раководството на Нотингем Форест.
Лопетеги неодамна го одби саудискиот Ал-Итихад, бидејќи сака да работи во една од најсилните европски лиги.
Тој беше селектор на Шпанија, а ги водеше Реал Мадрид и Севилја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













