
Милан и Челси конечно постигнаа договор за трансферот, со кој играчот од средниот ред Рубен Лофтус-Чик ќе им се приклучи на „росонерите“. Трансферната сума на зделката е 16+4 милиони евра (или вкупно 18,5 милиони фунти), со тоа што најверојатно договорот на 27-годишниот играч е за следните четири сезони.
Поранешниот англиски репрезентативец во наредните денови ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи.
Лофтус-Чик беше во сопственост на Челси во текот на неговата кариера, но исто така беше позајмен на два други лондонски клуба – Кристал Палас (2017/18) и Фулам (2020/21).
Играчот од средниот ред има вкупно 157 натпревари во Премиер – лигата, од кои 103 се со тимот на „сините“. На сите овие средби тој постигна 10 гола и забележа 12 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
