Англискиот премиерлигаш Ливерпул наскоро би можел да доведе уште еден играч од средниот ред. Откако Џордан Хендерсон и Фабињо заминаа во Саудиска Арабија, менаџерот Јирген Клоп ги засили преговорите и набрзо треба да пристигне и Ромео Лавија.
Ливерпул веќе го идентификуваше младиот играч за врска од Саутемптон како замена за Фабињо и Хендерсон и за неговиот трансфер ќе плати околу 50 милиони евра.
Ова не е проблем за Ливерпул, кој заработи 45 милиони евра од Ал-Итихад за Фабињо и 14 милиони од Ал-Етифак за Хендерсон, па сигурно ќе го покрие трансферот на Лавија.
Пред него пристигнаа Алексис Мекалистер и Доминик Шобошлаи, за вкупно 110 милиони евра, па Ливерпул ќе инвестира во нов среден ред, околу 160 милиони евра.
Ако на тоа се додаде и заминувањето на Џејмс Милнер, Наби Кеита и Окслејд-Чемберлен, новите играчи ќе бидат под дополнителен притисок да се вклопат што побрзо и тоа да носи резултат.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski